Перишиќ по 17 години се враќа во Хајдук

Хрватските медуми пишуваат дека искусниот фудбалски интернационалец Иван Перишиќ во јануари по 17 години ќе се врати во својот матичен клуб Хајдук, од каде тргна на „печалба“ во 2006 како младинец. Интернационалната кариера хрватскиот фудбалски репрезентативец ја почна со трансфер во францускиот Сошо. Перишиќ (34 години) ќе пристигне од англискиот Тотенхем каде пристигна минатото лето како големо засилување и одигра 44 меча во сезоната.

Како дел од преговорите за трансферот на младиот Лука Вушковиќ од Хајдук во англискиот Тотенхем, претседателит Даниел Леви и Лукша Јакобушиќ се договориле и за преселбата на Перишиќ во Хајдук.

Поради тоа што е завршен преодниот рок, а Перишиќ е повреден, трансферот ќе биде потврден во јануарскиот преоден рок.

Перишиќ ќе паузира околу шест месеци поради тешката повреда, па се очекува да заигра за сплитските „бели“ во пролетниот дел од сезоната.

Во Хајдук од Сплит од неодамна е член и македонскиот репрезентативен напаѓач Александар Трајковски, кој пак интернационална кариера почна токму од хрватската фудбалска сцена.

Треба да знаете
Последни објави