Во минатото, ние не им дозволувавме на нашите вработени да кажат гласно дека сакаме да бидеме број 1 во светот, бидејќи сметавме дека ова може да доведе до конфликти со САД, вели Рен.
Рен Женгфеи, основачот на Huawei, во разговор со кинески медиумите на 21 мај 2019 година зборуваше за настанатиот конфликт со САД и сопственото производство на чипови. Запрашан за тоа кој бил почетниот план на компанијата HiSilicon, Huawei Chip Assistant, основана во 2004 година, која денес веќе може да произведува чипови за различни намени и како дојде до одлуката за креирање сопствени чипови, Рен одговори дека целта на Huawei отсекогаш била да стигне до врвот, да биде глобален лидер.
„Во овој процес жртвувавме многу – се грижевме помалку за себе, за нашите семејства, за нашите родители. Ние сме она што сме, бидејќи нашата цел беше да стигнеме до врвот. Сега сме горди што можеме да кажеме дека нашата цел е да бидеме глобален лидер. Сакаме да бидеме број 1 во светот. Во минатото, ние не им дозволувавме на нашите вработени да го кажат тоа гласно, бидејќи сметавме дека ова може да доведе до конфликти со САД, вели Рен.
Тој објаснува дека на почетокот на 2000 година, се размислувало за тоа дали Huawei би можел да „стави американска каубојска шапка”.
„Решивме да го продадеме Huawei на американска компанија за вредност од 10 милијарди американски долари. Склучивме договор и сите релевантни процедури беа завршени. Остана само одобрувањето од одборот на директори на американската компанија. Додека го чекавме, преговарачкиот тим, вклучувајќи ме и мене, беше на плажа со цветни алишта и игравме пинг-понг.
Во меѓувреме, беше замене одборот на директори. Нивниот нов претседател беше малку кратковид и го отфрли договорот. Ако договорот се реализираше, ќе имавме своја „американска каубојска шапка”. Откако договорот не успеа, нашите директори мораа да одлучат дали да се обидат да го продадат Huawei на некој друг. Сите помлади лидери едногласно рекoa НЕ. Не можев да се расправам со нив, па им реков: “Ќе мораме да се соочиме со САД додека се приближуваме кон врвот. Ние мораме да бидеме подготвени.” Оттогаш, размислувавме за тоа што ќе се случи кога ќе се сретнеме со САД на врвот и се подготвувавме за овој момент. Сепак, на крајот, би се ракувале, бидејќи сакаме да работиме заедно со нив и заедно да придонесеме во корист на општеството како целина, објасни Рен.
Запрашан за апсењето на неговата ќерка, Ман Ванџоу, во Канада, на барање на САД на крајот од 2018 година, 18 години по неговата прогноза за директна конфронтација, Рен одговори дека очекувал нешто да се случи.
„Бевме сигурни дека тие ќе преземат нешто против нас, без оглед на неговиот исход. Мислевме дека имавме околу две години да се подготвиме. Но, апсењето на Ман Ванџоу разнесе сè, рече Рен.
Затоа морало да се работи брзо.
“Можеби знаете дека работевме за време на последниот пролетен фестивал (голем празник во Кина што ја слави Новата Година, кога во принцип никој не работи околу две недели), а јас ги посетив нашите вработени кои работеа за време на одмор. Само во Кина, 5.000 вработени, како чувари, чистачи и работници од кантина, останаа да им служат на нашите „борци”. Ние исплативме дневници неколку пати повисоки од нормалните. Плаќавме двојно за храната од добавувачите и дополнително за услугата. Многу од нашите вработени дури и не се вратија дома за време на Фестивалот. За да заштедат време, направија импровизирани кревети на подот за традиционалното попладневно спиење. Во текот на мајските празници, многу од нашите вработени, исто така, избраа да останат на работа“, објасни Рен одговарајќи на прашања на претставниците на кинеските медиуми на прес конференцијата на 21 мај 2019 година .