Груевски: Ако им одговорам на Мицкоски и Николовски ќе се чудат што ги снашло

„Се трудам да се воздржам да не кажам некои работи што ќе им направат голема штета. Јас иммам многу информации но сум незадоволен од многу работи“ – рече Никола Груевски во вонредното вклучување во емисија во живо на порталот Инфомакс.

„Јас со многу нивните политики не се согласував и сега не се согласувам, но не го кажувам тоа јавно за да не направам штета. На пример го спомнавте Александар Николовски, па јас толку работи можам да му одговорам да не може да се отпетка со месеци. Или на Христијан. И да се чудат што ги снашло“ – рече Груевски.

Тој рече дека не сака да го направи тоа, но дококу решиле да продолжат да се занимаваат со него тогаш ќе бил тука.

“Не сакам да го направам тоа. Таа партија не е на Александар и на Христијан. Во мое време таа партија имаше 181.000 членови. Се трудам да не возвратам силно како што знам. Ги оставам да лудуваат некое време да им помине. Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство тоа води во една друга насока. Но, овие луѓе како да сакаат да се случи тоа. Но доколку се решат да се занимаваат со мене до изборите тогаш тука сум“ – заклучи тој.

Треба да знаете
Последни објави