Познат експерт кој работел на проекти за Би-Би-Си и Национал Географик признал дека силувал кучиња и поседувал видеа од малтретирани деца

Адам Бритон, познат британски стручњак за крокодили, се изјасни за виновен по 60 обвиненија за секс со животни и поседување видеа од злоупотреба на деца. Во австралискиот суд беше откриено дека мачел повеќе од 40 кучиња до смрт, а потоа на интернет објавувал видеа од злоставување животни, пишува Би-Би-Си.

Зоологот работел на проекти на BBC и National Geographic, а сега го чека судење. На сослушувањето, кое се одржа во понеделникот, главниот судија Мајкл Грант побара од луѓето и службениците да ја напуштат судницата бидејќи деталите за случајот беа експлицитни и мачни.

-Бритон има садистички сексуален интерес за животните уште од 2014 година. Освен што ги експлоатирал сопствените животни, тој манипулирал и со сопствениците на други кучиња да му ги предадат своите животни, изјавија обвинителите во судот.

Насилникот ја користел платформата Gumtree за да најде луѓе кои честопати ги оставаат своите миленици на чување поради патување или работни обврски. Со нив изградил пријателски однос и започнал преговори за преземање старателство над животните. Кога ќе го прашуваа како се нивните миленици, тој измислуваше приказна и испраќаше стари фотографии.

Тој ги малтретирал животните во транспортен контејнер кој бил опремен со опрема за снимање. Тој споделувал видеа од злосторствата на интернет страници користејќи псевдоними, а контејнерот го нарекол „соба за мачење“.

Бритон беше уапсен во април 2022 година. Од 42 кучиња кои ги малтретирал, умреле 39. Тој е во притвор од неговото апсење и повторно ќе биде во притвор во декември оваа година. Пред повеќе од 20 години, тој се преселил од Обединетото Кралство, каде што пораснал, во Австралија за да работи со крокодили.

Со докторат по зоологија, 51-годишникот изгради глобална репутација за својата експертиза. Тој предаваше на Универзитетот Чарлс Дарвин и соработуваше со Дејвид Атенборо на документарни филмови.

Треба да знаете
Последни објави