Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се огласи по медиумските шпекулации дека Јувентус, во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го донесе Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС).
Лотито, за италијанските медиуми потврди дека не постои никаков договор за трансферот на српскиот репрезентативец.
„Немам никаков договор со Матеј Кежман (менаџерот на СМС), да го продадеме Сергеј во Јувентус или во некој друг клуб, во зимскиот преоден рок. Дополнително, неговата вредност сега скокна на 120 милиони евра, веќе не е 100. Секој месец неговата цена се зголемува“, изјавил Лотито.
СМС е најдобар во Серија А кога се бројат головите и асистенциите, постигнал тр гола и забележал седум асистенции.