Навивачи на Црвена звезда палеа свеќи за убиените Срби во Бањска

Неколку стотици навивачи на српскиот фудбалски шампион Црвена звезда вечерва се собраа пред црквата „Свети Сава“ за да одржат панихида и да им оддадат почит на Србите кои загинаа во пукотницата во селото Бањска во северниот дел на Косово.

Како што јавува репортерот на српски N1 од местото на настанот, навивачите носат црни маици и дуксери на кои пишува „не се предаваме“, а некои и „Косово е срцето на Србија“. Пред влезот на црквата распослаа и големи транспаренти.

Навивачите запалија свеќи поради настаните на Косово. Денеска требаше да се одигра вечното дерби меѓу Црвена звезда и Партизан, кое беше одложено поради Денот на жалост, во Србија.

И Србите на Косово денеска жалат за загинатите сонародници кои се убиени во неделата во Бањска, во престрелка со косовската полиција. Граѓаните на Звечан се собраа пред споменикот на кралот Милутин, запалија свеќи во спомен на убиените Срби.

Треба да знаете
Последни објави