Судскиот совет на денешната седница донесе одлуки за престанување на судиска функција на судијките Виолета Миладинова од Основен суд Кочани и Софија Манева од Апелационен суд Штип поради исполнување на услови за старосна пензија.
Во продолжението на денешната 456. седница ќе се расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија.