Македонската репрезентација во традиционално карате викендов ќе учествува на Светски куп во традиционално карате кој ќе се одржи во Лублин, Полска.
Натпреварите ќе се одржат на 30 септември во сите натпреварувачки дисциплини и возрасни категории според ИТКФ натпреварувачи правила.
На натпреварот ќе учествуваат околу 28 држави со 700 натпреварувачи, пет од нив се Македонци.