Во ОВР Крива Паланка денеска започнува „Отворен Кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Пред приемот на странки, министерот Оливер Спасовски ќе оствари работен состанок со раководството на ОВР Крива Паланка.
Како што најавија од МВР, министерот Спасовски ќе го посети и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ каде ќе се реализира превентивна активност како продолжение на кампањата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“.