Во Новаци ќе биде отворена фотоволтаична централа, нова домашна инвестиција

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на свеченото отворање на фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, нова домашна инвестиција, во Општина Новаци.  

Како што најавија од владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фамир Битиќи, министерите за економија и за транспорт и врски, Крешник Бектеши и Благој Бочварски.

Новата  фотоволтаичната централа од 55 MW во Новаци е на компанијата „Меј Енерџи“.

Министерот Бектеши ќе ја посети и компанијата „БиМилк“ во Битола, каде ќе оствари средба со менаџментот и ќе направи обиколка на производствените капацитети.

Треба да знаете
Последни објави