Повеќе мигранти се удавија или исчезнаа во Средоземното Море ова лето отколку во летото 2022 година, соопшти денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Помеѓу јуни и август оваа година, 990 луѓе загинаа во бродоломи во централниот Медитеран, најопасната морска рута во светот, која ги поврзува Северна Африка и Европа.
УНИЦЕФ објави дека 334 мигранти ги загубиле животите во таа област во текот на летото 2022 година.
11.600 „малолетници без придружба“ се обиделе да стигнат до Италија од јануари до средината на септември – 60 отсто повеќе отколку во истиот период во 2022 година (7.200).
Според Високиот комесаријат за бегалци на ОН, меѓу 1 јануари и 24 септември 2023 година имало повеќе од 2.500 мртви или исчезнати мигранти, што е зголемување за 50 отсто за една година.