Стапката на наталитет во Франција продолжува да опаѓа, што укажува на фактот дека во 2022 година се родиле речиси 726.000 бебиња, односно 16.000 помалку од претходната година, што е намалување за 2,2 отсто, објави Националниот институт за статистика и економски студии (INSEE).
Од 2011 година, бројот на новородени бебиња во Франција е во постојан пад, со исклучок на малото закрепнување во 2021 година, „година погодена од затворањето поради здравствената криза“, прецизира INSEE.
Во 2022 година се родиле 20,8 отсто помалку деца отколку во 1971 година, кога наталитетот достигнал врв на 916.370 новороденчиња, пренесува Монд.
Помеѓу 2021 и 2022 година, падот на наталитетот е најголем кај мајките на возраст од 25 до 29 години (2,7 проценти) и 30 до 34 години (3,6 проценти).
Само жените над 40 години имаат повеќе деца отколку порано (3,3 проценти), што е „долгорочен тренд“, според INSEE.
Просечната возраст на мајките при раѓање се зголемила за десет години од 30,2 на 31,2 години,
Според францускиот весник, наталитетот опаѓа и во соседните земји, па во ЕУ во периодот од 2021 до 2022 година паднал за 4,9 отсто.
Исто така, во Естонија и Грција, плодноста опаѓа за повеќе од 10 отсто, додека Португалија е единствената земја-членка на ЕУ каде што се зголемува бројот на бебиња.