Италијанскиот гигант Милан ја објави својата разделба со менторот Џенаро Гатузо преку официјалната страница на клубот.
„Росонерите” му се заблагодарија на популарниот Рино за неговата работа со тимот во изминатите 18 месеци. Од Милан забележаа дека имало подобрување на играта на тимот по неговото доаѓање во клубот.
Оттаму соопштија дека започнува со работа во потрага на заменик на Гатузо, кој ќе го предводи тимот на „Интернешнел чемпионс куп”.
– Имав привилегија да го запознаам Рино во текот на шест месеци од моето доаѓање во клубот. Гатузо даде се од себе оваа сезона, освојувајќи повеќе бодови со Милан од сезоната 2012/13. Тој работеше без одмор, секогаш преземајќи ја целата вина, ставајќи го клубот над се друго. Длабоко од срце: Благодарам, Рино”, пишува административниот директор на Милан, Иван Газидис.