На овогодинешниот скопски виз еир маратон за прв пат во неговата историја на организирање
учествуваше нашата драга и почитувана личност Беира Беки Салифоска која е лице со оштетен вид
но исто така и лице со силен и мотивирачки карактер и одличен пример за сите лица не само со
попреченост туку и типичните лица во нашата држава.
Впрочем популарната Беки покрај тоа што настапи со своите тренери на 5 километарскиот маратон кој го трчаа преку 8000 луѓе, исто така настапи со свое лого кое беше за прв пат промовирано денес “Go Beki”.
Како што за 24инфо.мк говорат лица кои беа тим за поддршка на Беки, процесот на подготовки на Беки за учеството на маратонот беше помогнато за цело време од фитнес и спа центарот Скај Велнес која е лоцирана во Џавахир зградите каде се грижевме за психофизичката состојба на Беки како и од АД Кожувчанка и изворска од Кавадарци кои придонесоа Беки да настапи во спортска опрема од Хард Лофт.
Исто така, нашите познати триатлонци семејството Кираџиеви несебично се вклучија да и помогнат на Беки во делот на физичката припрема која е значајна да би можела Беки да ги издржи 5те километри.
Она што денес го направи Беки треба да биде мотив и поттик и за други лица со различен тип на
попреченост да бидат активни и да се вклучат во маратонот, впрочем пораката која ја испративме
денес е дека ако се има желба и волја секој може да го направи тоа, а Беки само покажа на
нашево општество дека целите се достижни.
Беки од денес има свое лого кое се надеваме во иднина ќе прерасне во бренд преку кој ќе настојуваме таа да учествува и на други регионални
маратонски трки.