Раденко Милановиќ од Зубин Поток е повреден денеска за време на акцијата на косовската полиција во тоа место и вели дека припадници на единицата РОСУ пукале на нив, упаѓале во домови и малтретирале жени и деца.
Ме бркаа мене и пукаа во мене, скокнав од три-четири метри и си ја повредив ногата, а тој дојде до мене и продолжи да пука. Беа маскирани, имаа фантомки и беа под полна воена опрема, рекол Милановиќ, кој заедно со повредениот Бобан Јанаќиевиќ е сместен во Клиничко болничкиот центар во Косовска Митровица.
-Се ни уништија. Ние бевме со голи раце, никој од нив не пукаше, како што се повлекувавме така ни поставуваме препреки да не можат да поминат, тие се рушеа и палеа. Влегуваа во кучи, малтретираа жени и деца – раскажа Миловановиќ.
Тој додал дека припадници на РОСУ ги тепале сите кои не можеле да избегаат, а седум лица биле однесени, пренесува Курир.рс
Дошле од магистралниот пат до куќите и почнале да пукаат.
Миловановиќ при нападот на единицата РОСУ се здобил со затворени повреди на десната потколеница, а Јанаќиевиќ со отворени повреди на левата потколеница.