Гостивар иако со изменет состав во новата сезона од мак-баскетот денеска стартуваше со победа против Пелистер (75:68) пред своите гледачи. Во исполнетата сала „Младост“ најефикасен во редовите на домаќинот со 18 поени беше Инграм, а со по 15 мечот го завришија Митевски и Остен.
Кај гостинот од Битола, македонскиот репрезентативец Маслинко го заврши првиот меч во новата сезона со 18 поени, Бернард имаше 17.
Првото коло во македонската прволигашка кошаркарска конкуренција ќе биде комшплетирано в среда на 4 октомври со дуелот Академија ФМП и Еуро Никел 2005.
Резултати од одиграните натпревари во 1. коло:
Вардар – Охрид 80:73
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 64:86
Работнички – ТФТ 73:56
Чаир 2030 – Феникс 2010 93:72
Гостивар – Пелистер 75:68