Американската Национална администрација за океан и атмосфера (НОАА) соопшти дека прелиминарниот извештај за бури покажува дека 52 торнада биле регистрирани во понеделникот во осум држави во САД.
Во извештајот се констатира дека невреме го зафатило централниот дел на земјата, при што 14 торнада имало во Индијана, 10 во Колорадо, 9 во Охајо, 6 во Ајова, 5 во Небраска, 4 во Илионис, 3 во Минесота и едно во Ајдахо на Запад, пренесе АП.
Торнадата на места предизвикаа поголема материјална штета, а во Индијана оштетени се 75 куќи.
Би-би-си наведе дека околу пет милиони лица биле погодени со недостиг од електрична енергија што ја предизвикале торнадата.