Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

На патот за битолското село Бистрица, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола подигнал артилериска граната со калибар 105 милиметри од Првата светска војна.

Како што денеска соопшти МВР, претходно во СВР Битола, В.К.(36) од Битола пријавил дека ја пронашол гранатата при градежни работи на местото.

Денеска исто така од ул.„Паца Мирчева“ во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола подигнал школска тромблонска граната за која Д.А.(36) од Битола пријавил дека ја нашол на 27 септември. 

Треба да знаете
Последни објави