Спасовски на средба со полицискиот синдикат: Партнерството со МПС вроди со пет зголемувања на платите за 6 години

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со раководството на Македонскиот полициски синдикат, репрезентативниот синдикат на безбедносните служби, предводен од претседателот Марјан Кицев.

На средбата заеднички беше поздравено зголемувањето на платата за 10% за сите вработени во МВР, што Министерството и МПС со заеднички сили успешно го обезбедија, за кое денеска беше и реализирана исплатата и кое претставува петто покачување на платите во МВР за последните шест години.

Исто така, беше поздравена и одлуката за враќањето на 32 прекувремени работни часа во месецот. Воедно, стана збор за следните планирани заеднички чекори на МВР и МПС, а кои значат подобрување на статусот и условите за работа на полициските службеници. Во таа насока Спасовски и Кицев разговараа и за можноста за формирање на Солидарен фонд помеѓу МВР и МПС. Меѓу другото, соговорниците се обврзаа и на заедничко продолжување на модернизацијата и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција, а сѐ со цел врвно гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на статусот најбезбедна земја во регионот.

Треба да знаете
Последни објави