Општина Битола беше домаќин на работната средба на која се разговараше за подготовките за вежбата „Одлучен удар“, која ќе се реализира во периодот од 5 јуни до 9 јули на ЦПО Криволак.
На работниот состанок со секретарот на Општина Битола, присуствуваа претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот, раководството на вежбата, како и претставници на силите на САД во Европа.
Вежбата „Одлучен удар“, вклучува интероперативност, интеграција, интеракција, комбинирана здружена вежба, 2 ротации, боеви гаѓања, теренски активности, презентација на способности и дружења во повеќе градови.
Во рамките на активностите кои се дел од вежбата, на 29 јуни во Битола, предвиден е тактичко технички збор на воени возила, вооружување и опрема кои што ги користат Армијата на САД и нашата армија.