На подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Тетово вчера биле реализирани превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот, заштитата на шумскиот фонд и околу мерките поврзани со започнувањето на ловната сезона.
Како што соопшти денеска МВР, на повеќе локации во и околу Кавадарци Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со ОСБСП Кавадарци спровел превентивна активност насочена кон законските обврски за безбедно управување со возило – задолжителнито носење на сигурносен појас и прилагодување на брзината спрема условите на патот како едни од најважните правила во насока на елиминирање на можностите од сообраќајни несреќи.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1mfhce/XS7lmzFLR/large.webp?use_watermark=0)
-Во Ресен пак, на подрачјето на СВР Битола при средби со граѓаните полициските службеници укажуваа на потребата од внимателно и одговорно однесување како при посета на шумските предели, односно рекеративно излетничките места, така и при извршувањето на земјоделски работи, а дополнително на возачите на моторни возила кои се движат по патиштата во овој регион им беше сугерирано да не фрлаат отпушоци од цигари и слично, информира МВР.
Полициски службеници од СВР Тетово имале заедничка средба со претставници од три ловни друштва од селата Боговиње, Теарце и Брвеница со укажувања за целосно и безусловно придржување кон Законот за ловство и Законот за оружје.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/10/1-5-768x1024.jpg)