Долниот дом на канадскиот Парламент го доби првиот црн претседател во својата историја, откако претходниот спикер поднесе оставка.
Членовите на Долниот до, кој има 338 пратеници, со тајно гласање го избраа Грег Фергус, член на Либералната партија, пред неговиот колега Шон Кејси, конзервативецот Крис д’Ентремон и лидерката на Зелените Елизабет Меј.
– Денеска станавте првиот црн Канаѓанец кој стана претседател на парламентот … Тоа треба да биде инспирација за сите Канаѓани, особено за помладите генерации кои сакаат да се вклучат во политиката, изкави канадскиот премиер Џастин Трудо.