Пет лица се повредени при вооружен напад на Универзитет Морган во Балтимор

Во синоќешниот вооружен напад пред студентскиот дом на Државниот универзитет Морган во Балтимор, САД, повредени се пет лица, но ниту еден од нив не е во критична состојба.

Полицијата во Балтимор синоќа околу 21 часот и 30 минути добила информација за напаѓачот, поради што кампусот бил блокиран четири часа.

Полицијата соопшти дека во нападот повредени се четворица мажи и една жена, на возраст од 18 до 22 години. Четворица од петте повредени се студенти.

Полицијата не соопшти дали некој е уапсен, ниту информации за осомничениот напаѓач или напаѓачите. 

Треба да знаете
Последни објави