Тајфунот Коину предизвикува рекордни ветрови во Тајван

Рекордни ветрови поради тајфунот Коину се регистрирани во Тајван, соопшти централната метеоролошка служба на островот. 

На островот Орхидеи, како што посочуваат, синоќа биле измерени ветерови до 95,2 метри во секунда, што е нов рекорд за Тајван. Ова е еквивалентно на ветрови од 342,72 километри на час.

Тајванските власти вчера откажаа повеќе од 100 меѓународни и домашни летови и затворија училишта во делови од јужниот дел на островот пред очекуваното пристигнување на тајфунот Коину, вториот што ја погоди земјата за еден месец. 

Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради страв од лизгање на земјиштето на југот на островот, 190 луѓе се повредени, но нема загинати.

Треба да знаете
Последни објави