Уапсен скопјанец кој му се заканувал на градоначалникот на Карпош, Јакимовски

На 04.10.2023 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(60) од Скопје, затоа што упатувал закани на С.Ј., градоначалник на една скопска општина. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје против него ќе поднесе соодветна кривична пријава, информира МВР.

Иницијалите и функцијата објавени од дневниот билтен на МВР, коренсподираат со иницијалите на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави