Во Тајван беснее тајфунот Коину, со удари на ветрови од 342,7 километри на час, најсилниот досега забележан на тој остров.
Невидените ветрови со бура создаваат бранови кои достигнуваат висина од седум метри, а бурата е класифицирана како четврта категорија.
Досега речиси 200 луѓе се повредени при минување на бурата Коину над јужните делови на островот. Во тој дел на Тајван работните места и училиштата останаа затворени, а луѓето останаа дома.
Централната тајванска метеоролошка управа (CVA) потврди дека тоа е најголемиот налет на ветер што некогаш бил забележан во Тајван од основањето на организацијата во 1986 година.
Експертите веруваат дека ветрот што го донесе тајфунот Којна е трет најсилен досега забележан во светот.