Пентагон: Американски авион собори турски дрон во Сирија

САД вчера соборија вооружено турско беспилотно летало кое оперирало во близина на нивните војници во Сирија, соопшти Пентагон, што е прв пат Вашингтон да собори летало на НАТО сојузникот Турција.

Претставник на турското Министерство за одбрана рече дека дронот што бил соборен не припаѓа на турските вооружени сили, но не кажа чија сопственост е.

-Турската Национална разузнавачка агенција изврши напади во Сирија врз цели на курдските милитанти по бомбашкиот напад во Анкара минатиот викенд, изјави турски безбедносен извор.

Вчеравечер, турските воени воздушни напади уништија 30 цели на курдските милитанти во северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер, рече дека турски беспилотни летала биле забележани како извршуваат воздушни напади во Хасака, Сирија, вчера наутро на околу еден километар од американските трупи. Неколку часа подоцна турско беспилотно летало се приближило на помалку од половина километар од американските војници и било оценето како закана и соборено од авион Ф-16.

Треба да знаете
Последни објави