Германија испраќа дополнителни војници на Косово во април 2024 година

 Германската влада ќе испрати во април следната година дополнителни 150 војници како дел од мисијата КФОР, објави денеска магазинот „Шпигел“.

Повикувајќи се на неименувани извори, германскиот весник објави дека кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц се согласил оваа недела со плановите на Армијата следната година да испрати воена единица на Бундесверот за поддршка на мисијата на НАТО на Косово.

Во моментов Бундесверот има 85 војници стационирани на Косово.

Треба да знаете
Последни објави