СЗО: Денга треската ќе стане голема закана и за јужните делови на Европа

Денга треската оваа деценија ќе стане голема закана во јужниот дел на САД, јужна Европа и делови од Африка, со оглед на тоа дека повисоките температури создаваат поволни услови за комарците кои ја пренесуваат болеста, изјави Џереми Фарар, специјалист за заразни болести во Светската здравствена организација. СЗО).

Фарар рече дека треба многу поактивно да се разговара за денга треската.

„Мораме навистина да ги подготвиме земјите за тоа како ќе се справат со дополнителниот притисок што ќе дојде во иднина во многу големи градови“, додаде Фарар. 

Симптомите вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите и зглобовите и карактеристичен осип сличен на мали сипаници. Кај помал број пациенти, болеста понекогаш се развива во една од двете посериозни форми на болеста. Едната форма е смртоносната денга хеморагична треска, со симптоми на крварење, намален број на тромбоцити и крварење од крвните садови, а другата е синдромот на денга шок, кој се манифестира како опасно низок крвен притисок.

Денгата ја пренесуваат неколку видови комарци. Бидејќи нема вакцина, мерките за заштита вклучуваат контрола на живеалиштето и самата популација на комарци, како и заштита од каснувања.

Инциденцата на денга треска драстично се зголемува од 1960-тите: приближно 50-100 милиони луѓе се инфицираат годишно. Денгата е глобален проблем од Втората светска војна и е ендемична во повеќе од 110 земји.

Треба да знаете
Последни објави