Животот на Парис Хилтон ќе се претвори во ТВ-серија

Животот на Парис Хилтон ќе се преточи во телевизиска серија.

Продукциската куќа „А 24“ ги избра мемоарите на 42-годишната ѕвезда за претстојната серија. Продукциската куќа веќе склучи шестцифрен договор.

Парис би требало да биде вклучена во ТВ-серијата во некое својство, според „Ентертејнмент тунајт“.

Русокосата убавица ги објави своите мемоари – со наслов Paris: The Memoir – уште во март, а книгата го истражува нејзиниот подем до ѕвезда во раните 2000 години, како и нејзините лични битки.

Парис претходно тврдеше дека нејзините мемоари помогнале да се промени перцепцијата на јавноста за неа.

Во интервју за британски „Индипендент“ таа рече: „Луѓето сега повеќе ме разбираат поради книгата“.

Парис исто така откри дека во тинејџерските години измислила лик што личи на Барби за да се заштити.

Таа објасни: „Поминував низ тешки периоди кога го создадов овој измислен живот на куклата Барби“. Тоа беше лик што го ставив како маска за да се заштитам себеси“.

Парис дури и усвои глас што ја направи да звучи рапаво и необично.

Таа го создаде ваквиот лик во обид да се дистанцира од статусот на богата наследничка.

„Моето семејство отсекогаш сакаше да бидам коректна и конвенционална. Но, не сакав да бидам позната како внука на хотелиерот на ‘Хилтон’. Сакав да бидам позната како некоја друга“.

Парис исто така смета дека пишувањето мемоари е терапевтски процес.

„Ова беше најтерапевтското искуство во мојот живот, кога изнесов сè на виделина“, изјави таа за „Ентертејнмент тунајт“.

Треба да знаете
Последни објави