Вучевиќ: Верувам дека парламентарните, белградските и покраинските избори ќе се одржат во декември

Српскиот министер за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека верува оти ќе има избори во декември годинава и посочи дека мисли за изборите за Народно собрание, за Покраинско собрание, за градско собрание на Белград и за околу 70 локални самоуправи, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ на ТВ Пинк рече дека останатите околу 100 локални самоуправи, градови и општини ќе имаат избори во мај и јуни следната година.

– Ова беше барањето на опозицијата, еве ќе имате избори во два интервала, почитувајќи ги политичките договори и законите. Можам да кажам дека сум загрижен, бидејќи сум прв меѓу еднаквите во СНС, знам што не чека во наредните месеци, треба многу да се направи. Верувам дека претседателот на Србија ќе ја поддржи својата партија, мислам дека тоа е природно и логично, рече Вучевиќ.

Тој изјави дека верува оти во декември граѓаните ќе можат јасно и гласно да кажат каква Србија сакаат.

– Се плашам дека тие што бараа избори, ако ги загубат изборите, повторно ќе ја имаат приказната дека се украдени. Нема да ве ограбат, имате повеќе партии и листи. Тие имаат многу повеќе контролори на гласачките кутии од СНС. Секаде сте побројни, зборам и за левата и за десната опозиција. Влезете во народот и видете што народот има да каже. Тоа ќе биде добра можност да се провери вредноста на сите, рече Вучевиќ.

Треба да знаете
Последни објави