Денеска присуствував на Меѓународната спортска манифестација во традиционално борење Пеливан, која се одржа во с. Цветово, Општина Студеничани, во присуство на над 3.000 граѓани од цела Македонија, како и гости од Турција, Албанија, Бугарија, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на своите профили на социјалните мрежи.
„Под мотото „Традицијата продолжува” пеливанското борење е извонредна манифестација на народна форма на борење, придружена со зурли и тапани, карактеристична за Балканските простори. Оваа вековна традиција, најчесто семејна, која се пренесува од колено на колено, е израз на јунаштво, но и одличен начин на поврзување со соседните држави.
Ви благодарам на гостопримството, за многу години традицијата! Нека победи најдобриот пеливан“ стои во објавата