Во однос на проблемот со следењето и преслушувањето, тоа е нешто што во Македонија постои подолг временски период, неколку влади паднале заради преслушување, но оваа влада дојде токму на тој бран, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание на денешната дебата во организација на партијата насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност” во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените во Струга.
Николоски нагласи дека иако било ветено од СДСМ дека ќе престане со праксата на преслушување, не престанале, туку дека начинот на преслушување е отиден до еден пософистициран начин на следење на комуникацијата, односно како што рече тој ако претходно се следела само редовна телефонска комуникација и редовни СМС пораки, сега се оди со едни таканаречени малициозни софтвери кои што директно влегуваат во апаратот на оној кој што треба да биде следен.
Беше ветувано дека ќе ја запрат оваа пракса и оваа пракса ќе престане. Но, наместо да престане истата е отидена на еден пософистициран начин на следење на комуникација. Ако во минатото се следеше само редовна телефонска комуникација и редовни СМС пораки, сега се оди со едни таканаречени малициозни софтвери кои што директно влегуваат во апаратот на оној кој што треба да биде следен, истакна Николоски.
Николоски рече дека иако било побарано од надлежните институции кредибилен доказ дека во Македонија не се врши следење од ваков тип, не го добиле, како и дека на 11 октомври во среда во Стразбур, Парламентарното собрание на Совет на Европа ќе се дебатира токму за злоупотреба на системите за преслушување и ќе се донесе Резолуција која ќе биде обврзувачка за Македонија, потенцирајќи дека доколку сегашната влада на СДСМ и ДУИ не ја спроведе, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спроведе, и ќе има одговорност за сите кои преслушувале.
Јас кажав пред неколку денови, а до денеска стои тоа што го кажав е дека не добивме кредибилен демант од надлежните институции дека во Македонија не се врши следење од тој тип. Ексклузивно да најавам денеска, оваа среда точно на 11 октомври во Стразбур, Парламентарното собрание на Совет на Европа ќе води голема дебата за злоупотреба на системите Предатори и Пегасус со кои што и во Македонија мислам дека се преслушува. Јас ќе бидам еден од говорниците, а после тоа ќе се усвои Резолуција која што ќе стане обврзна за Македонија. И доколку овие не ја спроведат, а нема да ја спроведат, ќе ја спроведеме ние и ќе одговараат сите кои што преслушувале, заклучи Николоски.