„Помина времето кога се зголемуваат платите по телефон на културните работници, своеволно и како и со какви профили се унапредувале. Воведовме ред и во начинот како ќе се инвестира, нема повеќе инвестирање само во главниот град. Оваа година стапката за капитални дотации до Единиците на локалната самоуправа, за прв пат изнесуваше 40 милиони денари. Девет општини со своите специфични проекти ќе, ќе придонесат во развојот на културата и во малите градови, не само во големите општини и главниот град”, рече потпретсеталката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска на трибината „Резултати кои прават разлика”, на тема „Култура за сите, култура над сè”.
Таа во своето обраќање укажа дека слоганот „Култура за сите, култура пред сè”, е карактеристичен за социјалдемократски политики, кои ја одразуваат посветеност на Владата предводена од СДСМ за зачувување, афирмација и промоција на богатото културно наследство, и дома и надвор од нашата земја.
„Покажуваме на дело што значи патриотизам и како се слави и вели ликот и делото на најзаслужните за нашиот убав македонски јазик и богато литературно творештво. За нив беше џуџе, ЏИНОТ ОД НЕБРЕГОВО, Блаже Конески. За нас е великан и затоа Министерството за култура преку Советот за македонски јазик поведе иницијатива родната куќа на Блаже Конески во Небрегово и училиштето каде што учел да се прогласат за „Културен комплекс Блаже Конески”, додаде Костадиновска-Стојчевска.