Мартинели му донесе победа на Арсенал над Манчестер сити

 Арсенал вечерва на домашен терен го победи Манчестер сити со 1:0 во дербито на 8. коло на англискиот фудбалски шампионат. Средбата се одржа на стадионот „Емирати“ во Лондон.

Стрелец на единствениот гол беше напаѓачот Габриел Мартинели во 87. минута по   асистенција на Каи Хаверц.

Арсенал стигна до 20 бода и се искачи на второто место во Премиер лигата. Манчестер сити го загуби вториот меч по ред во лигата и падна на третото место (18 бодови). Лидер е Тотенхем со 20 бода.

Во следното коло лондонци ќе играат на гости со Челзи на 21 октомври, а истиот ден Сити му гостува на Брајтон.

Треба да знаете
Последни објави