Милитантната група Исламски џихад држи во заробеништво повеќе од 30 Израелци киднапирани во Појасот Газа откако Хамас ги започна нападите врз Израел во саботата, изјави лидерот на Исламскиот џихад Зијад Накеле.
– Има десетици и повеќе војници и доселеници кои ги држиме како воени заробеници во Газа. Всушност, можам да кажам дека далеку ја надминуваат оваа бројка. Исламски џихад досега има повеќе од 30 непријателски заробеници, рече Никале, пренесува Тајмс оф Израел. Порталот додава дека се верува дека Хамас држи повеќе од 100 Израелци како заробеници во Газа.
Лидерот на Исламскиот џихад нагласи дека заробениците нема да бидат вратени во татковината „додека не бидат ослободени сите нивни затвореници“, алудирајќи на илјадниците Палестинци кои се во израелските затвори.
Накале го поздрави конфликтот меѓу Хамас и Израел како „денови на гордост и слава“ и ја пофали „сликата на единство меѓу силите на отпорот“ што се појави по вчерашниот напад врз Израел, додавајќи дека Исламскиот џихад „не гледа разлика меѓу Газа, Ерусалим и Џенин“.
– Битките што се водат во израелските населби и израелски градови, нападите врз воените бази, заробувањето на војниците и оставањето на нивното оружје се јасен доказ дека израелската армија е послаба отколку што многумина во светот веруваат, рече тој.