Актуелниот италијански фудбалски првак Наполи доживе вториот пораз оваа сезона во Серија А и повторно на домашен терен. Наполи загуби од Фиорентина (1:3) и по осум одиграни кола заостанува седум бода зад лидерот Милан. На двонеделната пауза Наполи за кога (не)настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе замине како петтопласиран на табелата. Фиорентина максимално си ги искористи своите шанси и од три шута успеа три пати да ја затресе мрежата на домашниот тим.
Резултатот го отвори Брекало во седмата минута, Осимен пред крајот на првото полувреме израмни, но иако во продолжение се очекуваше атак на домаќините со сите сили, до тоа не дојде. Преку Бонавентура во 63. и Гонзалес во 93. минута, Фиорентина дојде до четвртата победа на последните пет натпревари и остана во чекор со Јувентус со кого го дели третото место на табелата.
Елмас втор натпреавр по ред не доби шанса од клупата за резерви. Наполи сезонава има вкупно три порази, сметајќи ги сите натпреварувања и сите три ги доживеа на стадионот „Диего Армандо Марадона“.