Снимки од надзорни камери во Клиниката за кардиохирургија го снимиле инцидентотот меѓу кардиохирургот д-р Сашко Јовев и директорот Марјан Шокаровски.
Снимките испратени до повеќе медиуми, се преснимувани од монитор, а на нив се гледа како Јовев вербално, потоа и физички напаѓа вработени на Клиниката, меѓу кои еден физиотерапевт и директорот Шокаровски.
Во билтенот на МВР беше наведено дека на 18 септември околу 10 утрото е пријавено од страна на Клиниката за кардиохирургија дека вработен во болницата вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал директорот, по што ја напуштил болницата и самиот се пријавил во полициска станица.
По инцидентот Јовев за дел од медиумите тврдеше дека отишол во полиција да пријави напад и мобинг врз него, кажувајќи дека завршил со оток на окото, бидејќи Шокаровски замавнал и несакајќи го удрил со лупите што ги носел во моментот.
Јавното обвинителство се уште нема пријава против д-р Јовев а екс директорот денеска се огласи за снимката велејќи дека никаде на снимката не се гледа физички напад кон кого било од негова страна.