Руди Гарсија и официјално повеќе не е тренер на актуелниот фудбалски шампион во Серија А, Наполи, пренесуваат некои медиуми во Италија, додека други пишуваат дека францускиот стратег имал состанок со раководството на клубот на кој било одлучено да остане тренер.
Упатените тврдат дека 59-годишниот Французин сепак добил отказ. На негово место пристигнува Пасквале Марино. Тој е актуелен тренер на Бари, уште еден тим во сопственост на Де Лаурентис, газдата на Наполи.
Покрај Бари досега ги тренираше Удинезе, Парма, СПАЛ, Џенова, Палермо…



