Путин ги обвинува САД за војната меѓу Ирзаел и Хама

 Рускиот претседател Владимир Путин ја коментираше ескалацијата на насилството меѓу Израел и Хамас, обвинувајќи ги САД за неуспехот да се најде решение.

Според некои светски агенции, Путин рекол дека конфликтот не може да се реши без решавање на прашања како што е формирањето на палестинска држава.

Тој денеска ги обвини САД дека го заобиколуваат воспоставениот процес за решавање на израелско-палестинскиот конфликт и оти се обидуваат да ги преземат работите во свои раце без да се занимаваат со основните прашања.

– Дел од земјите кои Палестинците ги сметаат и отсекогаш ги сметале за дел од изворните палестински земји биле окупирани од Израел во различни времиња и на различни начини. Најчесто, се разбира, со помош на воена сила, рекол Путин.

Треба да знаете
Последни објави