Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на традиционалниот пикник на СДСМ Куманово по повод 11 Октомври Денот на македонското востание.
,,Заедно сплотени оддаваме почит кон храбрите борци на кои им должиме се’! И, неслучајно на овие простори започнала народноослободителната борба и се удриле темелите на современата македонска држава!
Со големо чувство на одговорност, денес сме обединети во социјалдемократската идеја, со вредностите на македонскиот народ, на сите народности кои живеат во Република Северна Македонија, на вредностите на Европа, да обезбедиме просперитетна и европска иднина на сите наши граѓани” стои во објавата на Спасовски на социјалните мрежи.