Исклучени 12 нерегистрини возила од сообраќај во Скопје

Во текот на изминатиот ден (28.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, седум возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 68 мандатни платни налози и исто толку возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.

 

Треба да знаете
Последни објави