Социјалната мрежа „Х“ отстрани стотици сметки поврзани со Хамас

Официјални лица на социјалната мрежа Х (Твитер) велат дека отстраниле „стотици сметки поврзани со Хамас“ и избришале илјадници објави откако палестинската милитантна група го нападна Израел.

Платформата, порано позната како Твитер, доби 24 часа од Европската унија претходно оваа недела за да се справи со нелегалната содржина и дезинформациите поврзани со конфликтот или ќе се соочи со казни според неодамна усвоениот Закон за дигитални услуги на блокот.

Извршниот директор Линда Јакарино му одговори на функционерот на ЕУ Тиери Бретон во писмо објавено на „Х“.

Таа рече дека компанијата „прераспределила ресурси и ги рефокусирала внатрешните тимови кои работат деноноќно за да се справи со оваа ситуација што брзо се развива“.

„На X нема место за терористички организации или насилни екстремистички групи и ние продолжуваме да ги отстрануваме таквите сметки во реално време“, напиша Јакарино.

Треба да знаете
Последни објави