Ковачевски: Обезбедивме бесплатен лет за евакуација на македонски граѓани од Тел Авив

Обезбедивме бесплатен лет од Тел Авив до Скопје за евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Северна Македонија. Тие веќе утре треба да се на безбедно и во своите домови, објави премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Во услови на откажани летови и целосно блокиран авио транспорт со Израел, навистина беше предизвик да се организира овој лет. На моја иницијатива и во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, нашите граѓани ќе ги вратиме дома со авион на Air Serbia. Благодарност до неа и до сите вклучени во процесот, добрососедството и овој пат се покажа на дело. Нашата отворена и директна комуникација за сите прашања е секогаш во насока на изнаоѓање решенија, што конкретно се потврди и овој пат.

Посакувам мирен лет и што поскоро враќање дома.

Треба да знаете
Последни објави