Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Блаце, денес го упати хеликоптерот Бел-412 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е крак од пожарот.
Хеликоптерот Бел-412 врз пожарот исфрли над десет тони вода.