Лукашенко: Западот сè уште не се откажува од обидите да ја разбие и потчини заедницата на независни држави

Западот не се откажува од обидите да ги разбие во сите правци земјите членки на заедницата на независни држави, да ги ослаби и да ги потчини на нивните интереси, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Ќе ве потсетам дека главната цел на создавањето на заедницата беше да не се дозволи прекин на врските по распадот на Советскиот Сојуз. Тоа не им одговараше и сè уште не им одговара на нашите конкуренти, Западот, кој и сега не се откажува од обидот да нè распарчи, ослаби и потчини на своите интереси“, изјави Лукашенко во Бишкек на самитот на ЗНД, како што објави „Пул первого“.

Претседателот на Белорусија исто така апелира за покритична процена на ситуацијата во заедницата и да не се закопа главата во песокот.

„Гледаме дека сите стари конфликти што ни беа наметнати во еден момент неминовно излегуваат на виделина со многу тажни последици. Фала му на бога што не само што имаше начини за решавање на овие конфликти туку и некои од нив беа успешно решени“, нагласи тој.

Во Бишкек денеска се одржува самит на лидерите на заедницата на независни држави. Првин лидерите ќе се сретнат во тесен формат, а потоа средбата ќе продолжи во проширен формат со учество на делегации, пренесува „Спутник“.

Треба да знаете
Последни објави