-Еуроникел Индустри влегува во процес на одржување на производните капацитети. Ова следува како резултат на пазарното преструктуирање, промените и пазарните барања, при што е неопходно компанијата да спроведе финансиска консолидација со што би се обезбедило понатамошно работење и континуитет на работењето на компанијата, соопштија од компанијата.
Оттаму велат дека вработените редовно земаат плата, септемвриската плата е исплатена денеска, а состојбата со одржувањето на производството ќе биде проследена со прераспределба и ротација на вработените во различни погони. По внатрешното преструктуирање на производниот процес, кое се очекува да трае еден месец, намерата е стабилизирање на состојбата и отпочнување со редовна работа и план на производство според договорите и барањата.
-Влегувањето во процес на одржување е првенствено резултат на дејствијата на трето лице. „ArrowMetals & Trading”, главниот снабдувач со руда и фероникел клиент на Еуроникел ги одложи плаќањата, ги намали или целосно ги измени нарачките без претходна најава и тоа во рок од неколку дена. Не ни е јасно дали тоа е затоа што “ArrowMetals” се наоѓа во тешка финансиска состојба или пак има за цел да му помогне на КАДМС што е во сопственост на г-дин Константинос Даскалакис, таткото на Андреас Даскалакис, очигледниот сопственик на Arrow, со цел да го купи Еуроникел за многу помала вредност, велат од Еуроникел Индустри.