Франција, Белгија и Португалија обезбедија пласман на ЕУРО2024

Фудбалските репрезентации на Франција, Белгија и Португалија први обезбедија место на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Германија, откако на три кола пред крајот на квалификациите го обезбедија едно од првите две места во групите Б, Ф и Ј.

Актуелниот светски вицепрвак Франција во својот шести настап во групата Б ја забележа и шестата победа, совладувајќи ја синоќа Холандија во Амстердам со 3-2, предводена од двојниот стрелец Килијан Мбапе.

Својот стопроцентен ефект во европските квалификации го продолжи и Португалија, која во групата Ј ја забележа и седмата победа со триумфот на домашен терен над Словачка од 3-2.

Двоен стрелец на натпреварот во Порто беше Кристијано Роналдо, кој со тоа дојде до својот 125. гол во репрезентативната кариера.

Пласман на ЕУРО2024 обезбеди и Белгија, совладуваќи ја со 3-2 Австрија во Виена. 

Треба да знаете
Последни објави