(Фото и видео)„Беки“ лице со оштетен вид од Скопје сака да продолжи да трча во Неапол

Македонската спортска и поширока јавност на неодмнешниот скопски атлетски мартон имаше прилика да слушне и прочита за 33-годишната Беира Салифовска, алијас „Беки“, слепо лице кое ја истрча патеката во должина од 5 километри. Популарната „Беки“ се најде меѓу 11.000 учесници од 53 држави кои на 1 октомври трчаа по улиците низ главниот град на 19. издание од „Визер скопскиот маратон“ и стана првото слепо лице во земјава што ја истрча патеката.

На денешниот (15 октомври) Меѓународен ден на белиот стап, кој е посветува на слепите лица и лицата со оштетен вид, „Беки“ не крие дека се соочува и ги споделува истите проблеми како и сите грѓани.

-Се соочуваме со секојдневните проблеми на целото општество од инфраструктурни, здравствени, образовни… Тоа се и наши проблеми, вели Салифоска, која неодамна дипломираше на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет при УКИМ. Вработена е на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација како физиотерапевт.

Слепите лица и лицата со оштетен вид покрај потребата од создавање на подобри услови за да можат да функционираат, апелираат и за подигнување на јавната свест.

-Неодамнешното мое трчање на маратонот треба да биде мотивација и за други лица со оштетен вид да се вклучат во вакви и слични активности. Физичката активност придонесува за поздрав живот и тоа секој кој може треба да го прави. Потребна е поддршка. Без асистен ние не можеме да трчаме. Јас ја имам најголемата поддршка токму од мојот асистен Димче Миланов со кого редовно тренираме и се подготвуваме за нови предизвици. Сакам да трчам и на други маратони надвор од Македонија. Постои можност и е нов предизвик ако успееме во февруари да трчаме на маратон во Неапол – вели Беки.

Ова не е прв настап на „Беки“ на скопскиот маратонот, но првпат го трча. За да успее во тоа редовно се подготвува. Сограѓаните можат да ја сретнат како тренира со својот асистент на патеката покрај пругата во населбата 11 Октомври, во фитнес…

-Се имав пријавувано и на претходните маратони, но тоа не беше трчање, туку пешачење. Сега трчав и патеката ја минав за 34 минути. Тоа зе мене е голема сатисфакција и мотив да продолжам понатаму. Уште поголема чест и задоволство ми направи наш пријател кој беше пријавен за настап на патеката од 42 километри, но го жртвуваше својот труд за да успееме. Ни се придружи не бодреше и многу сум задоволна. Ова беше голема почит за мене – вели Беки.

Треба да знаете
Последни објави