Снег денеска падна во Словенија каде ја побеле Кредарица која се наоѓа на 2.541 метар надморска височина.
Моменталната температура е околу минус еден Целзиусов степен, а врнежите ќе престанат во вечерните часови, јавуваат словенечките медиуми.
За утре и во Македонија се најавува студен бран, при што највисоката температури ќе биде 16 степени. Се очекува силен ветер и дожд.